Младите ракометари ја совладаа Романија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на турнирот во Бугарија, совладувајќи ја соодветната селекција на Романија со резултат 26-22. По вчерашното реми со домаќинот Бугарија, нашите млади ракометари денеска се прикажаа во одлично светло, стигнувајќи до триумф над селекција која вообичааено е дел од елитното друштво во оваа возрасна категорија.

Првото полувреме заврши со предност на Романија од 14-13, но пресудна беше серијата од пет гола на избраниците на Брестовац на самиот почеток од второто полувреме, по што „црвено-жолтите“ стигнаа до водство што го задржаа до самиот крај.

Голманот Ацевски бранеше во одлична форма и е најзаслужен за триумфот, додека во нападот најефикасни беа Ставревски со шест и Ѓорговски со пет погодоци.

Се вчитува...