Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го освои 20. место на европското првенство што се одржуваше во Романија.
Во денешниот последен меч нашите „црвено-жолти“ за противник ја имаа Србија, меч во кој дозволија противникот да доминира и да стигне до триумф од 30-34.
Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што противничката селекција го доби со убедливи 12-20. Во продолжението Македонија заигра нешто подобро, за момент стигна до минус два (29-31), но немаше сили за целосен пресврт.
Крстевски со 11 и Ѓурмешевиќќ со седум погодоци беа најефикасни во македонскиот табор на овој последен натпревар од европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
