Младите ракометари убедливо и против Словачка на „Трофеј Карпати“

Младинската машка репрезентација на Македонија запиша и втора победа на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.

Откако на стартот на турнирот беше победена Саудиска Арабија, денеска нашата младинска селекција беше поуспешна од селекцијата на Словачка, победувајќи со 33-23 (18-11).

Најефикасен во редовите на Македонија беше Димитар Узунчев со десет гола, а Самоил Ристевски заврши со седум постигна гола, пет погодоци имаше Давид Димевски. Голманот Иван Галевски заврши со 10 одбрани, а Давид Брестовац имаше пет одбранети удари.

Утре со почеток од 16:30 часот младинците ќе го одиграат и последниот натпревар на турнирот, а противник ќе биде домашната селекција на Романија. „Трофеј Карпати“ е подготвителен турнир за избраниците на Раде Стојановиќ пред Европското првенство 2024.

Се вчитува...