Младите ракометни репрезентации на Македонија ги добија противниците за ЕХФ шампионатите

Женските ракометни репрезентации на Македонија до 17 и 19 години денеска во канцелариите на ЕХФ во Виена ги добија своите противници.  Женската кадетска репрезентација на Македонија ќе настапи на У17 шампионатот што ќе се одржи во Клаипеда, Литванија (07-15.08.2021) е во група А заедно со репрезентациите на Шпанија, Литванија, Финска, Косово и Велика Британија.
Женската младинска репрезентација ќе настапи на У19 Шампионатот што ќе се одржи во Скопје, Македонија (10-18.07.2021) е во група Б заедно со репрезентациите на Холандија, Фарски Острови, Косово и Босна и Херцеговина.

Се вчитува...