Младите Шпанци со пресврт подобри од Данска

Првиот противник на Македонија на Европското првенство во Полска, младата селекција на Шпанија славеше на пријателскиот натпревар против Данска со 3-1 (1-1).

Младите Шпанци до триумфот дојдоа со пресврт во финишот од натпреварот, откако селекторот Алберт Селадес ги внесе фудбалерите кои ќе го понесат товарот на репрезентацијата на Европскиот шампионат во Полска во јуни.

Претходно Шпанија играше главно со генерацијата фудбалери 1996/97 која треба да настапи во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Па, Данска поведе со голот на Хјулсагер во 12. минута. Израмни Мерино во 21. минута за 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во вториот дел Селадес во игра ги внесе фудбалерот на Атлетико Мадрид, Сол Нигез, но и Вилијамс како и членот на Барселона, Денис Суарез, па „црвената фурија“ веднаш дојде до триумфот. Најпрво погоди Нигез во 71. минута а Денис Суарез ја донесе победата од 3-1 со гол во 82. минута.

2-1 Saúl Ñíguez Goal International Friendly… by mamiewaymireDenis Suarez Goal HD 3 – 1 Spain U21 VS… by LiveGoalsTV

Се вчитува...