Младите „штркчиња“ на чекор до опстанок

МЗТ Скопје 2 се наоѓа на чекор до опстанок во елитното друштво откако младите „штркчиња“ славеа со 85-78 на првиот дуел од плејаут-разигрувањето против Вардар. Избраниците на тренерот Даскаловски одиграа квалитетен меч, успевајќи да го надиграат градскиот ривал, по што сега се наоѓаат на само една победа до осигурување на прволигашкиот статус и за наредната натпреварувачка сезона.

МЗТ 2 беше подобар од самиот почеток на мечот, поведувајќи со 16-6 на половина од првата четвртина. По десет минути игра резултатот гласеше 27-20, но „вардарци“ не се предадоа, успевајќи да се вратат во ритам. „Сино-белите“ го контролираа резултатот, а „вардарци“ последната шанса за камбек ја пропуштија на две минути до крајот, кога при „минус шест“ промашија три слободни фрлања во низа и на крајот претрпеа заслужен пораз.

Монтгомери оствари дабл-дабл од 17 поени и 13 скокови за победничкиот тим, Наумоски постигна 16, а Андоновски 14 поени, додека најефикасен кај Вардар при вечерашниот пораз беше Дикембе со 38 постигнати поени.

Се вчитува...