Младите вардарки пред тешка задача, бркаат „минус 13“

Ракометарките на Вардар СЦЈС денеска (13 ч.) во „Јане Сандански“ го пречекуваат шведскиот  Х65 Хорс, во реванш натпреварот од осминафиналето во Челинџ купот. Младите вардарки ќе имаат повеќе од тешка задача и речиси невозможна мисија да ја анулираат негатива од 13 гола од првиот натпревар во Шведска (26-13).

Македонскиот претставник не се прослави многу на овој натпревар. Одиграа добро само во првата четвртина од дуелот, а потоа влегуваа од грешка во грешка, тешко доаѓаа до реализација, а противникот сето тоа го казни со убедлива победа. Вардарки изминатава недела работеа напорно за да ги консолидираат грешките и денеска да излезат подготвени да го поправат впечатокот пред своите гледачи.

На првиот натпревар имавме многу промашени зицери и технички грешки. Сега сакаме тоа да го сведеме на минимум и да покажеме дека на тој дуел во Шведска имавме лош ден. Верувам дека можеме да победиме во Скопје. Разликата е голема и свесни сме за тоа. Но, во спортот се е можно и додека има надеж ќе се бориме. Ние сакаме да ја играме нашата игра, а тоа ќе донесе резултат“ – истакнува тренерот на Вардар СЦЈС, Симе Симовски.

Се вчитува...