Младите во група со Србија и Русија во квалификациите за ЕП 2019

Младата репрезентација на Македонија ќе биде во Групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 заедно со селекциите на Србија и на Русија.

Денешната ждрепка во Нион сакаше нашата млада селекција повторно да се соочи со Србија и во квалификациите за ЕП 2019, со кои сме во група и на Европското првенство 2017 во Полска.

Од останатите селекции во групата со кои ќе се соочиме се Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

Селекторот Благоја Милевски и спортскиот директор Саша Ќириќ се наоѓаат во Нион, каде што во текот на денот ќе се договара и распоредот за одигрување на натпреварите од следниот квалификациски циклус.

Квалификацискиот циклус за ЕП 2019 почнува на 20. март оваа година, а завршува во октомври 2018 година. Од 12. до 20. ноември 2018 е терминот за плеј-оф натпреварите за пласман на ЕП.

ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – У21

grupi

Се вчитува...