Младите ѕвезди кои по ЕП-21 станаа мегаѕвезди: Зидан, Фиго, Раул, Тоти, Пирло, Озил…

Дефилето на најдобрите млади фудбалери во Европа почнува денеска во Полска, а за првпат во историјата и Македонија ќе биде учесник на ваква голема фудбалска манифестација. Избраниците на селекорот Благоја Милевски, нашите фудбалски „херои“, епитет кој го добија со фантастичните резултати во квалификациите, каде се изборија за првото место во групата и директен пласман на ЕП, ќе бидат во група заедно со Шпанија, Србија и со Португалија.

За какво натпреварување се работи, доволно е да се погледне изборот на најдобрите фудбалери од изминатите младински ЕП кои станале потоа мегаѕвезди. Од еден до последен, врвни мајстори на фудбалската игра, светски мегаѕвезди… И не можеш да не се запрашаш, да си замислиш, ете, во 2017 година…може ли МАКЕДОНСКО име да се уфрли во овој импозантен список?!

Во 1994 година, за ѕвезди на Европското првенство за селекции до 21 година беа избрани Зинедин Зидан и Луиш Фиго. Две години подоцна, почестите им припаднаа на Раул Гонзалес и на Франческо Тоти. Следеа последователно… Михаел Балак, Андреа Пирло, Петр Чех, Лукаш Подолски, Џорџо Кјелини, Месут Озил, Хуан Мата, Тијаго Алкантара и Марк Андре Тер Штеген.

Кој ќе биде „ѕвездениот“ по претстојното Европско првенство во Полска 2017?

najdobrite na ep

Се вчитува...