Младост Богданци следната 2026/27 сезона се избори за место во Суперлига на Македонија, откако денеска во Скопје, во баражот успеа да слави против Струга со 25-22.
Главно се играше израмнет натпревар, се до 40 минута до 15-15, за да ракометарите на Младост Богданци потоа со серија се одлепија за +6 со што се навести триумфот на богданчани.
На крајот со триумф од 25-22 на 50-годишнината од своето постоење ќе го заокружи со враќање во елита на Македонија.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Андоновски со шест погодоци, додека кај Струга се издвои Мечкаровски исто со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
