„Младост“ утре исполнет до последно место со поддршка за репрезентативците!

Стадионот „Младост“ во Струмица ќе биде исполнет до последно место како поддршка за македонските репрезентативци на квалификацискиот натпревар против Албанија за пласман на СП 2018 во Русија.

Како што информираат од ФФМ веќе се распродадени поголемиот дел од билетите, кои „пламнаа“ уште во првите два дена по стартот на продажбата, па утре се очекува околу 6.000 македонски навивачи да дадат поддршка за македонската репрезентација.

„Билетите веќе речиси комплетно се продадени, а останат е уште еден сосема мал дел кои се продаваат, како што беше и претходно објавено, на местата од продажната мрежа на МкТикетс меѓу кои и во Струмица“ – истакнаа од ФФМ на официјалната прес-конференција пред утрешниот дуел.

mladost 3

Според најавите, околу 500 билети се отстапени за гостинските навивачи, согласно правилата на УЕФА.

Се вчитува...