Младост Загреб и на реваншот подобар од Јанта Волеј во ЦЕВ Купот

Македонскиот првак во женската одбојка екипата на Јанта Волеј ги заврши настапите во ЦЕВ Купот со втор пораз од екипата на Младост Загреб.

По поразот во Скопје од 3-0, и на  реваншот беше идентичен резултатот, со целосна доминација на хрватскиот тим, кој без проблем дојде до втора убедлива победа.

Убедливо го добија првиот и вториот сет домашните одбојкарки со 25-11 и 25-16. Нешто подобра игра на Јанта Волеј во третиот сет, кога успеаја да пружат отпор, но на крајот 25-22 за Младост.

Ледесма со седум поени беше најефикасна во редовите на Јанта Волеј.

Се вчитува...