Модриќ донесе одлука дали и понатаму ќе игра за Хрватска

Капитенот на Хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе продолжи да ги предводи Коцкестите и во иднина, објави Хрватската фудбалска федерација.

Модриќ одлуката ја донел на средбата со новиот селектор Славен Билиќ и претседателот на Федерацијата, Маријан Кустиќ.
Тоа значи дека фудбалерот на Милан ќе му биде на располагање на селекторот Билиќ за дуелите од Лигата на нации против Чешка, Шпанија и Англија.

„Нормално, оваа одлука ме прави многу среќен. Сите сме свесни што Лука и носи на Хрватска, како на теренот така и надвор од него. Се радувам што по 14 години повторно ќе соработуваме, а и двајцата имаме голема желба да ја задржиме Хрватска во врвот на светскиот фудбал“, изјави селекторот Билиќ.

40-годишниот Модриќ, додека настапи на дури 202 натпревари во дресот на Хрватска која ја предводеше до второто место на СП 2018 година и до третото на СП 2022 година.

 

 

 

Се вчитува...