Модриќ: Донесов одлука околу иднината во репрезентацијата

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, и натаму ќе настапува за националниот тим, а потоа ќе соопшти дали ќе продолжи или ќе се прости од дресот со државниот грб.

Играчот од средниот ред денеска на прес-конференцијата пред дуелот во Лигата на Нации против Холандија кажа дека донел одлука, но истата ќе ја соопшти по мечевите од ова натпреварување.

„Фокусиран сум на Лигата на Нации. За иднината во репрезентацијата ќе зборувам после овие мечеви. Имам одлука, но фокусот сега не е на тоа. Секогаш уживам кога играм за репрезентацијата. Ме радува и ме исполнува секое доаѓање и собирање со националниот тим. Нема врска тоа што доаѓа мојот крај, не е затоа што повеќе уживам. Секој тренинг ме исполнувам, додека мислам дека можам да помогнам, нема причина да не сум тука“, рече Модриќ.

Се вчитува...