Модриќ и Нејмар разменија дресови: „Те чекаме во Мадрид“

Репрезентациите на Хрватска и на Бразил одиграа пријателски меч во пресрет на Светското првенство во Бразил, „кариоките“ славеа со 2-0, а по завршувањето на мечот се случи интересна средба меѓу Лука Модриќ и Нејмар. Тие си ги разменија дресовите, но се случил и интересен разговор.

Хрватот му порачал на Нејмар: „Те чекаме во Мадрид“.

Ова дефинитивно ги запали повторно страстите за евентуалниот мегатрансфер на Бразилецот Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид ова лето…

Се вчитува...