Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе избегне затворска казна поради неплатен данок во Шпанија, така што ќе исплати еден милион евра на државата. Хрватскиот фудбалер направи компромис со шпанското обвинителство да ги исплати парите кои ги должи и плус самата казна, а севкупно затаил околу 870.000 евра.
Модриќ беше обвинет дека во два наврати, во 2013 и 2014 година избегнал да ја плати одредената сума која припаѓа на државата, како и отворање на офшор-сметки во Луксембург и островот Ман.
Шпанските медиуми тврдат дека Модриќ сакал што поскоро да се заврши ова и без многу дилеми одлучил да ја плати казната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА