Модриќ ќе ја освои и „Златната топка“, Роналдо пак најавил дека нема да дојде?!

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе ја освои и престижната награда „Златната топка“, која ја доделува „Франс Фудбал“ на најдобриот фудбалер во светот, откриваат француските медиуми. Поругалецот Кристијано Роналдо, кој завршил втор на овој избор, повторно им најавил на организаторите дека нема да дојде на манифестацијата која ќе се одржи на 3. декември во Париз.

Модриќ добил најмногу поени во гласањето, пред Кристијано Роналдо и пред Антоан Гриезман. Хрватот со својата репрезентација играше во финалето на Светското првенство во Русија, а со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите. Тој оваа година досега ги собра сите индивидуални фудбалски награди и му преостанува само уште „Златната топка“ на францускиот „Франс Фудбал“.

Се вчитува...