Модриќ ќе се прости од Хрватска по ЕП 2024

Европското првенство 2024 година во Германија, ќе биде последното натпреварување за Лука Модриќ во дресот на Хрватска. Хрватска ѕвезда пред завршните натпревари во Лигата на Нации кажа дека донел одлука, а како што пренесуваат хрватските медиуми, ќе игра уште на едно големо натпреварување, по што ќе се откаже од националниот дрес.

Модриќ досега нема освоено ниту еден голем трофеј со Хрватска, иако најблиску беше во 2018 кога играше финале на Мундијалот во Русија, а и оваа година кога во финалето на Лигата на Нации загуби од Шпанија на пенали.

Играчот на Реал Мадрид има 165 настапи за Хрватска. За неа дебитираше уште во 2006 година. Многумина најавуваа пензија уште по финалето на Лигата на Нации, но искусниот фудбалер ќе игра уште една година, по што се очекува потоа да се прости од дресот со државниот грб, а можеби и од фудбалот, со оглед дека идната година ќе има 39 години и прашање е дали ќе може уште да игра на врвно ниво.

Се вчитува...