Модриќ: Не знам како може некој да се сомнева во фудбалското знаење на Зидан

На Реал Мадрид не му оди најдобро оваа сезона, уште на половина од натпреварувањето заостана премногу зад Барселона во трката за шампионската титула, а доживеа шокантна елиминација и во Купот на Шпанија од аутсајдерот Леганес. Тоа секако го зголеми притисокот кон тренерот Зинедин Зидан. Сепак, фудбалерите застанаа во негова одбрана.

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ се прашува како е можно воопшто некој да се посомнева во капацитетите на Зидан по толку освоени трофеи.

„Не можам да верувам дека некои го преиспитуваат останувањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, по сите трофеи што ги освоивме минатата сезона, а и претходно. Тоа е лудост. Знаеме дека некогаш во фудбалот не одат работите според посакувањата, но да се сомневаш во тренерот што освоил толку многу, тоа е нон сенс. Ние фудбалерите секако го поддржуваме“, изјави Лука Модриќ по триумфот на „кралевите“ на гости (1-4) против Валенсија.

Се вчитува...