Легендата на Реал Мадирд, хрватскиот фудбалски магионичар Лука Модриќ ова лето стави крај на деценискиот престој во главниот град на Шпанија и „кралскиот“ дрес го замени со оној на Милан.
Со оглед на тоа што има 40-години не се очекува неговата играчката кариера да трае уште долго, но извесно е дека ќе остане во фудбалот и по крајот на пребогатата кариера и ќе се врати назад во редовите на Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми Хрватот го прифатил предлогот на Перез да биде амбасадор на клубот, а ќе има можност и да биде тренер доколку прифати ваков предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

