Модриќ се опрости од Касемиро: Дојдовме заедно во Реал како деца, види не сега…

Бразилецот Касемиро по десет години поминати во Реал Мадрид ќе ги промени клупските бои и ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед. Во редовите на англискиот гигант тој ќе премине за 60 милиони евра кои можат да донесат и дополнителен бонус од 10 милиони, а ќе заработува речиси двојно поголема плата од таа во „кралскиот клуб“.

Играчот од средниот ред веќе се опростил од доскорешните соиграчи, а сега тоа го направи и Лука Модриќ кој цела деценија играше рамо до рамо со Бразилецот.

„Драг Касе, сеуште се сеќавам на твоето деби за нашиот клуб. Колку беше нервозен. Ти говорев да се смириш, а сега кога размислувам за тоа сфаќам како заврши приказната која започна така. Што се освои и оствари! Твојата прва сезона во Реал беше и моја и никој од нас не можеше да помисли што ќе ни донесе фудбалот. 

Стана прав лидер. Секогаш беше тука за соиграчите и Реал Мадрид. Секогаш ќе се сеќавме на тоа. Заедно освоивме многу трофеи, но мене ми се најважни заедничките моменти зад камерите, тие кои никој не ги знае. Тоа што го доживуваме секој ден на тренинг кампот Валдебебас. Посебно шалите бидејќи секогаш беше расположен, дури и во стресните ситуации и при неуспех.

Смеењето со тебе ни носеше душевен мир. Самата помислам дека ќе се свртам и ќе те викам тебе и ќе слушнам „Него, него“. Беше најдобриот телохранител на светот. Ќе ми недостасуваш, но ти посакувам се најдобро. Човек и професионалец како тебе тоа го заслужува. Пријателу, фала ти на се и среќно!“, стои во писмото кое го објави Марка.

Се вчитува...