Модриќ: Суперкупот е важен за Реал, добро е да ја почнеме сезоната со трофеј

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ даде свој коментар во пресрет на Суперкупот и претстојниот дуел со Ајнтрахт Франкфурт. Фудбалерот на Реал кој досега има осум европски трофеи, сега е во потрага по деветтиот против германскиот ривал.

Модриќ потенцираше дека во клубот посакуваат победа со цел сезоната да се отвори со нов трофеј.

„Ова е многу важен трофеј за нас, на стартот на новата сезона. Сакаме да започнеме на високо ниво. Паметиме дека последен пат кога игравме, загубивме од Атлетико Мадрид во Естонија во 2018 година, па не сакаме да ни се повтори тоа чувство“, кажа Модриќ.

Реал Мадрид важи за фаворит во пресметката со Ајнтрахт Франкфурт. Дуелот во Суперкупот е закажан за вечерва во Хелсинки со старт во 21:00 часот.

Се вчитува...