Модриќ успешно опериран, ќе може да игра на СП

Повредата на Лука Модриќ заработена на синоќешното дерби меѓу Милан и Јувентус е од посериозен карактер, но не би требало да го доведе во прашање неговиот настап на СП 2026 летово.

Хрватскиот генијалец има фрактура на јаболчницата, поради што денеска итно бил опериран, а хируршкиот зафат завршил беспрекорно. Прогнозите велат дека тој сигурно нема да се врати на терените до крајот на сезонава, но се очекува да почне со тренинзи пред крајот на месец мај, со што подготвен би го

Хрватската Фудбалска Федерација потврди дека Модриќ бил успешно опериран во Милано, потенцирајќи дека медицинскиот тим на репрезентацијата е во константна комуникација со клупските лекари на Милан.

„Зборував со Лука и му посакав успешна операција и брзо опоравување. Убеден сум дека тој ќе стори се и ќе биде подготвен за светскиот шампионат. Рехабилитацијата нека се одвива според планот и Лука како наш капитен ќе ја предводи Хрватска на уште едно големо натпреварување“, истакна селекторот Златко Далиќ.

Се вчитува...