Кевин Дурент го почнува тешкиот и долг процес на рехабилитација откако му беше направена операција на Ахоловата тетива која ја повреди за време на петтиот натпревар од финалната серија меѓу неговиот Голден Стејт и Троонто.
Тој правеше подолга пауза, пропушти девет едноподруго натпреври на неговиот итм во плеј-офот, но реши да игра на средбата која беше многу важна за „Вориорс“. Во втората четвртина ја заработи тешката повреда коај долго ќе го оддалечи од паркетот.
„Моето враќање почнува сега. Но се е во ред. Кошарката е мојата најголема љубов и сакав да играм таа ноќ затоа што тое е тоа што јас го работам. Ова ќе биде тешко патување, но подготвен сум за него. Знам дека моите браќа можат да го добијат шестиот натпревар“ – напиша меѓу другото Дурент во објавата на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА