Мојес пред реваншот со Баер: Се надевам дека уште се пијани од прославата…

Вест Хем утревечер ќе го пречека Баер Леверкузен во реваншот од четвртфиналето од Лигата на Европа, откако германскиот клуб славеше на првиот меч со 2-0.

Секако дека „чеканите“ нема да се откажат без борба, но Дејвис Мојес е свесен за податокот дека Баер Леверкузен нема ниту еден пораз на 43-те одиграни средби оваа сезона (севкупно во Бундес-лигата, Лигата на Европа и во Купот на Германија). Затоа, најдобра шанса за Мојес и неговите избраници е ако германскиот тим пристигне пијан во Лондон по големата прослава минатиот викенд по првата освоена бундеслигашка титула во клупската историја.

„Се надевам дека уште се пијани од прославата. Ги видов фотографиите со оние големи кригли пиво што сите ги пиеја, знам дека прославата траела долга, па можеби уште се пијани“, почна на шега Мојес на денешната прес-конференција, па продолжи сериозно: Секако дека прославата беше фантастична, тие имаат за што да слават и од срце им честитам на големиот успех. Да се биде шампион во Германија не е мала работа, треба да се ужива во нив. Наше е да се обидеме да им ги замрсиме сметките во Лигата на Европа, се подготвуваме да го сториме тоа, па ќе видиме дали ќе успееме“, прокоментира стратегот на Вест Хем.

Се вчитува...