Мојсоски ги пречека златните ракометарки па порача: Македонија има светла ракометна иднина

Златните ракометарки на Македонија кои како шампионки се вратија од ЕХФ шампионатот во Литванија денеска беа на прием во Агенцијата за млади и спорт каде ги пречека претседателот Наумче Мојсоски.

„Голема чест ми претставува фактот дека мојот прв селектор е денеска кај нас заедно со ракометарките кои го направија овој огромен успех за македонскиот ракомет. Ова остварување е сигнал дека македонскиот ракомет има светла иднина и овие девојки имаат шанса да докажат дека сме ракометна нација“, рече поранешниот ракометар.

Свое обраќање имаше и селекторот на женските селекции Љубомир Савевски кој имаше само пофални зборови за неговите избранички.

„Можноста да се вратат од негатива од пет и повеќе голови, посебно во меч како со Шпанија, која е велесила, е показател за величината на оваа генерација како на физички, така и на ментален план“, рече Савевски.

Се вчитува...