Мојсоски ќе ја тужи антикорупциска за клевета

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.

Пред околу два месеци Антикорупциска побара кривично да биде гонет директорот на АМС, откако три години го анализирале начинот на доделување на спортските ваучери.

Се вчитува...