Мојсов: Се договоривме да тргнеме агресивно, само така можевме да го освоиме пехарот

Ѓорѓи Мојсов, тренерот на Тиквеш кажа дека неговиот тим заслужено го освоил пехарот во Купот, и дека сето она кое се договориле играчите, го исполниле.

Мојсов изјави дека добро го анализирале противникот, и дека не бил изненаден од неговата екипа.

„Од првата минута се договоривме да играме агресивно, и реков ако играме поинаку нема да го освоиме. Играчите го исполнија сето она за кое се договоривме. Примивме еден гол кој не раздрма, но на крај издржавме, и го славиме овој прв историски пехар на Тиквеш и прво излегување во Европа. Финале се добива, финале не се игра. Знаевме дека ако ја оставиме Воска, дека знае да игра и дека ќе имаме проблеми. Затоа се договоривме да не им оставиме простор, добро ги анализиравме и мислам дека бевме доминатни во текот на сите 90 минути и заслужено победивме. Не бев изненаден од мојата екипа, знаев што можат моите играчи и очекував ваква игра“, изјави Мојсов.

Тој посакува следната сезона Тиквеш да атакува и на позиција повеќе.

„Градоначалникот ни вети дека ако го освоиме Купот, ќе имаме поголем буџет. Не се задоволуваме со ова четврто место. Со добри засилувања, зошто да не атакуваме и на нашто повеќе од четврто место.

Се вчитува...