Мојсов стрелец за АЕК Ларнака во ремито со Анортозис

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов го постигна четвртиот свој гол во дресот на АЕК Ларнака оваа сезона во шампионатот на Кипар.

Мојсов стрелаше во денешното 32. коло од плеј-оф разигрувањето за титулата на Кипар, во ремито (1-1) на гостувањето против Анортозис. Македонскиот дефанзивец погоди во 45. минута за водство од 0-1 на АЕК Ларнака, а домашните израмнија во 46. минута со голот на Словакот Михаил Дуриш.

Целиот натпревар во нападот на АЕК го одигра и репрезентативецот Иван Тричковски.

По ова реми, АЕК Ларнака остана на четвртата позиција на табелата со 62 бода, додека Анортозис е на третото место со 65 бода. Лидер е Аполон со 76 бода, пред АПОЕЛ кој има 71 бод.

Се вчитува...