Мојсовски: Македонски тренер во стручниот штаб за напредок на македонскиот ракомет

Поранешниот репрезентативец сега претседател на РК Струга, Наумче Мојсовски на УО на РФМ го изнесе предлогот, РФМ да се заложи во стручниот штаб на сениорската репрезентација да бидат вклучени и макеоднски тренери што би било добро во перспектива и за македонската репрезентација и за напредок и усовршување на тренерите.

Да се заложиме селекторот да има помошник од некој од македонските тренери, да моижат да научат и да напредуваат покрај врвните тренери кои се на клупата на македонската репрезентација. Со тоа би добила многу во перспектива и македонската репрезентација и македонските клубови  и самите тренери“ – истакна Мојсовски.

Дискусијата беше покрената по забелешката за заминувањето на помошникот на Рааул Гонзалес, Роберто Парондо во текот на ЕП во Хрватска, што во македонската репрезентација се случува по втор пат на две европски првенства по ред.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов потенцираше дека изборот на помошникот е право на селекторот, но потенцираше дека добра е идејата во еден проширен стручен штаб во иднина да се вклучат и еден до двајца македонски тренери.

Се вчитува...