Мојсовски: Ако оваа репрезентација не се бори, ќе загуби и од Занзибар

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија  на денешната седница на дневен ред ги имаше настапите и активностите на сениорските и на младинските репрезентaции во машка и во женска репрезентација.

За сениорите, членовите на УО на РФМ ги усвоија извештаите успешниот настап во баражат за СП 2019 против Романија, а тема на расправа беше и настапот во октомври во првите два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 дома против Турција и во гости со Грција.

„Треба сите да бидеме критични и да преземе одговорност за тоа што се случи во Кожани. Незалагањето во Грција ни беше главниот проблем – истакна членот на УО, Ѓорѓи Тренковски.

Со критички став за настапот на македонската репрезентација, пред се за односот кон играта  што итно мора да се промени , имаше и поранешниот репрезентативец, Наумче Мојсовски, сега во улога на претседател на РК Струга.

„Турција можеби беше прв меч и се согласувам со предупредувањето што го упати Кире Лазаров. Тоа беше опомена , но за три дена ништо не се смени. Ние сме таква репрезентација, ако не се залагаме може да не победи и Занзибар, ако се залагаме може секого да победиме. Ова што се случи со Грција е недопусливо!Одбраната беше нашето најсилно оружје, сега беше запоставена максимално. Малку можеби е нарушена и таа хиерархија во тимот и треба да се разговара за тоа. Не смееме да  дозволиме да го имаме тој синдром на Србија, која има врвни ракометари, но кога станува збор за репрезентацијата доаѓаат за да одморат од клупските обврски. Имаме услови можеби и подобри од Франција и греота и жалосно е да не се искористи тоа“ – истакна Наумче Мојсовски.

За поранешната капитенка на женската репрезентација Гордана Нацева ова беше поивеќе од спортски пораз и е еден од најболните во историјата на македонскиот спорт за кој сите треба да си понесат одговорност.

„Дилемата е дали сега кога ни доаѓа настапот на СП во Германија, треба да се фокусираме на тоа или да се навратиме на она што се случи во квалификациите и на тој горчлив пораз од Грција. Мудриот извлекува поука од поразот. Мора да видиме кои се причините за овој срамен пораз. Тоа беше повеќе од лош ден и пораз. Ние изгубивме во спорт во кој сме најсилни, Грција не победи во нивниот најслаб спорт. Треба сите да бидеме критични за тоа што се случи. Да не се најде противигра за Грција 60 минути е неразбирливо“ – истакна Нацева.

Се вчитува...