Олимпискиот комитет на Македонија ќе организира „Олимписки пикник“ – настан посветен на промоција на олимпизмот, здравите навики и меѓународното пријателство.
Настанот ќе се одржи утре, сабота, 18 април 2026 година, во периодот од 12:00 до 16:00 часот, кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар. Замислен како неформално дружење на отворено, пикникот ќе понуди пријатна атмосфера надополнета со музика, освежување и разни рекреативни активности.
„Ова е убава прилика за споделување позитивна енергија меѓу нашите врвни олимпијци, спортски работници, како и поканетите претставници на дипломатскиот кор“, порачуваат од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

