МОК потпиша договор за стратешко партнерство со светски реномираната „Каливита Интернационал“ (ФОТО)

Денеска во просториите на МОК се потпиша Договор за стратешко партнерство помеѓу MOK и “Каливта Интернационал”.

Договорот го потпишаа претседателот Даниел Димевски и Александар Апостолов, претставник на реномираната и светски присутна компанија, „Каливита Интернационал“. Како многу успешна компанија, спонзори се на голем број Олимписки медалисти ширум светот.

Филозофијата на „Каливита“ е едноставна: да се води здрав животен начин, да се биде активен, да се храните правилно и да се чувствувате добро во секое време! Во 21. век, овој концепт е комплетиран со конзумација на додатоци во исхраната со врвен квалитет.

„Се потпиша договор за соработка на повеќе полиња, имајќи ја во предвид тесната соработка на Каливита со спортистите преку суплементите од својот широк спектар на производи. Главниот мотив и крајна цел на ова партнерство е нашите спортисти да имаат оптимални услови, вклучително и суплементација за постигнување на врвни спортски резултати“ – истакна претседателот на МОК, Даниел Димевски по потпишувањето на договорот со светските реномираната компанија.

Се вчитува...