МОК склучи договор со „ЈОМА“

Најдобрите спортисти и репрезентации кои ќе учествуваат оа Олимписките игри, во иднина ќе бидат облечени во спортската опрема „ЈОМА“.

Македонскиот олимписки комитет денеска соопшти дека склучила договор со овој шпански бренд за соработка.

„Благодарејќи на договорот за стратешко партнерство меѓу Шпанскиот и Македонскиот олимписки комитет потпишан пред две години од страна на претседателите на двата Олимписки комитети, претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот менаџер на ЈОМА г-дин Алберто Лопез Гонзалез, потпишаа договор за партнерство и соработка.

Со овој договор, најдобрите македонски спортисти и репрезентации, кои ќе учествуваат како дел од Олимписката делегација на МОК на Европските игри Краков 2023, младинските зимски Олимписки игри Гангвон 2024 и Олимписките игри Париз 2024, ќе бидат облечени во спортската опрема ЈОМА, силно верувајќи дека во опремата на ЈОМА, најдобрите македонски спортисти-олимпијци ќе освојот многу медали на гореспоменатите натпреварувања.“, стои во соопштението од МОК.

Се вчитува...