МОК со четиригодишна суспензија за Борко Ристовски

Македонскиот Олимписки Комитет го казни долгогодишниот ракометен репрезентативец Борко Ристовски со четиригодишна суспензија, поради клеветите кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски.

Токму Димевски го пријавил голманот на Вардар за навредите на негова адреса за време на гостување на една македонска телевизија, по што следеше и состанок на Дисциплинската Комисија и изрекување на казната за Ристовски, за прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник.

Според одлуката, Борко Ристовски е казнет бидејќи „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Се вчитува...