МОК со договори со словенечкиот и германски олимписки комитет за соработка

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски вели дека тој како претседател заедно со неговите соработници во Токио потпишале договор со соработка со Словенечкиот и германскиот олимписки комитет.

„Словенечки комитет со кој потпишавме за Зимските игри договор. Склучивме договор и со германскиот олимписки комитет. Соработката е да пратиме наши тренери кај нив, но и тие да пратат нивни кај нас и да ги искористиме сите ресурси кои што ги имаат. Третиот договор е со департментот на ИОК околу медиските. Нашата продукција на МОК ТВ каналот да го дадеме на нив. Се што ќе продуцираме како сигнал . Четворогодишен договор по 30 илјади долари годишно кои ќе бидат искористени за следни олимписки спортисти. Листата до крајот на годината ќе ја редефинираме. Ќе влезат некои нови спортисти, како што кажав Дејан останува и ќе биде најмногу финансиран наш спортист. Сепак, идејата ние да опфатиме и други спортови. Женско борење, женски бокс“, изјави Димевски. 

Се вчитува...