МОК со признание од Меѓународното полициско здружение оддел Македонија

Претседателот на МОК, Даниел Димевски на денешната средба со Претседателот на Меѓународното Полициско Здружение Оддел Македонија, Игно Стојков доби признание за меѓусебна соработка во остварување на целите и принципите на ИПА организацијата.

Исто така уште еднаш ги потврдија своите намери за остварување на цели од јавен, хуманитарен, спортски и културен интерес на граѓаните, полициските службеници и членовите на двете организации.

Почесно членство за покажаната ангажираност и посветеност доби менаџерот на Олимпискиот центар Јане Сандански, г-динот Сашо Петровски.

Се вчитува...