Во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024, Амбасадите на Република Франција и Република Грција, во Ист Гејт организираа фото изложба на која беа презентирани фотографии на тема „Жената и спортот“. На изложбата беа презентирани фотографии од најпознатите македонски Олимпијки и врвни спортистки по повод претстојните Олимписки игри Париз 2024.
На оваа изложба, најдобрите македонски спортистки беа поздравени од Амбасадорите на Грција и Франција, како и од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој ги поздрави присутните, им посака да уживаат во прекрасните фотографии на спортистките и им посака на сите македонски спортистки и спортисти да постигнуваат што подобри врвни спортски резултати и да освојат што повеќе медали на големите мулти спортски натпреварувања како што се Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА