Сан Антонио израмни на 1-1 во полуфиналето на Западната конференција против Минесота откако спарси издоминираа во овој втор меч, славејќи со преубедливи 133-95.
Домаќините влегоа максимално мотивирани, прашањето на победникот решавајќи го во првите две четвртини што „мамузите“ ги добија со 24-17 и со 35-18. Убедливото водство и осигураната победа придонесе тренерите да ја поделат минутажата во второто полувреме, па така Вембањама реализираше 19 поени и 15 скокови за 26 минути, најефикасен кај Сан Антонио беше Касл со 21 поен, додека кај Минесота четири кошаркари имаа по 12 поени, Едвардс, Шенон, Мекданиелс и Рендл.
Њујорк има водство од 2-0 во серијата со Филаделфија откако никси славеа и на вториот дуел на домашен терен, овојпат со 108-102. Дуелот беше максимално израмнет, а пресуди одличната одбрана на Њујорк во последната четвртина (12 примени поени за 12 минути), што му ја донесе победата на домашниот тим. Брансон со 26 и Ануноби со 24 поени ги предводеа стрелците кај Њујорк, додека кај Филаделфија најефикасен беше Макси со 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
