Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130-93 и со убедлива серија од 4-0 дојдоа до финалето на Источната конференција.
Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени. Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа само четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот.
Последниот што го направи тоа беше Голден Стејт во 2017 година, кога стигнаа до својата втора титула во три сезони со 15 едноподруго победи.
Сите победи на Никсите во овогодинешното плејоф натпреварување, освен една, беа постигнати со двоцифрена разлика, со просечна разлика од дури 23,7 поени.
Њујорк ќе игра против актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер или Сан Антонио Спарс во финалето.
Финалето на Западната конференција моментално е израмнето 2-2, а натпреварот број пет е закажан за вторник во Оклахома.
Тандерс или Спарс ќе имаат предност на домашниот терен во големото финале поради подобриот настап во регуларниот дел од сезоната.
Ова ќе биде трето НБА финале за Никсите од последната титула освоена во 1973 година. Тие загубија од Хјустон во 1994 година во седум натпревари, а од Сан Антонио во 1999 година во пет натпревари.
Легендите на клубот Волт „Клајд“ Фрејзер и Патрик Јуинг им го доделија трофејот „Боб Кузи“ на Никсите на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
