Моќно деби во Супер-лигата: Бутел го „збриша“ Прилеп

Бутел имаше импресивно деби во Супер-лигата откако на домашен терен го збриша тимот на Прилеп со убедливи 31-18. Прилепчани се соочуваат со сериозни проблеми, во Скопје допатуваа со само осум ракометари, па поразот беше неизбежен.

Новиот суперлигаш уште од самиот почеток стави до знаење кој е кој на овој натпревар, па по само десетина минути игра резултатот гласеше убедливи 10-1 за домашниот тим. Ветеранот Златко Мојсоски беше во главна улога во овој период, постигнувајќи четири брзи гола до 11. минута, по што искусното крило не се запиша меѓу стрелците до крајот на мечот.

Убедливата предност му овозможи на тренерот Котески да направи и одредени ротации во екипата, но тоа не се одрази врз конечниот резултат, за убедлива победа на Бутел изразена со конечни 13 гола разлика.

Георгиевски и Зегарац со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на прилепчани беше Чупетрески со осум погодоци.

Се вчитува...