Моќта на спортот: Неоткриена емотивна приказна од една фотографија на Коби и Дрогба

Една фотографија од минатото меѓу легендата на светската кошарка Коби Брајант, кој неодамна трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа, и поранешниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба, откри една навистина емотивна приказна која во овие моменти силно ја враќа вербата во човештвото.

Адам Морисон е поранешен НБА играч, член на Шарлот и ЛА Лејкерс, како соиграч на Коби Брајант. Беше трет пик на драфтот во 2006 година, но неговата кариера не ги достигна височините кои му се предвидуваа. Во 2010 година беше ослободен и од обврските во ЛА Лејкерс останувајќи без тим и без желба за живот.

„Не играв и бев крајно депресивен. Бев скитник во мојата куќа. Не излегував воопшто надвор, немав пријатели, не сакав со никого да куминицирам… Имав само 26 години во таа 2010 година, и некако се чувствувам како да сум на на дното кога неочекувано добив порака од Роберт Лара, еден од најдобрите пријатели на Коби. Само ме праша која е мојата адреса затоа што има некаква пратка за мене. Го добив пакетот и внатре имаше дрес со автограм од Дидие Дрогба. Јас сум голем фан на Челси, а Дрогба е мојот омилен фудбалер. Подарокот беше од Коби. Оригинален дрес од Дрогба потпишан од него само за мене. Пишуваше: За Адам, со најискрени желби за среќен живот“ – се потсетува Морисон на тој период.

Морисон најпрво мислел дека Коби телефонски побарал таков дрес. Но…

„Бев пресреќен, останав доцна во ноќта кога на официјалната Инстаграм страница на Челси се појави слика од Коби и Дрогба со дресот на кој пишуваше „За Адам, со најискрени желби“… Ме облеа радост. Мојот Коби се сетил на мене, и отишол специјално да побара дрес од Дрогба само за мене. Знаеше колку ми значи тоа. Ете таков беше Коби Брајант“ – се потсетува Морисон, дополнувајќи дека токму овој момент му ја вратил потоа и вербата во луѓето и желбата да продолжи да се бори во животот и во кариерата.

Се вчитува...