Молдавија и „украде“ победа на Албанија со гол во 87. минута на патот кон ЕП 2024… (ВИДЕО)

Молдавија успеа да и „украде“ победа на Албанија со гол во 87. минута на дуелот во Кишињев кој заврши без победник, 1-1. Во мечот без резултатско значење ако се знае дека Албанија веќе го обезбеди настапот на ЕП 2024, на крај Молдавците, барем за престиж извлекоа бода.

Албанија поведе со голот од пенал на Чикалеше во 25. минута од средбата.

Бабогло во 87. минута беше стрелец на голот за Молдавците со кој и „украдоа“ победа на Албанија, но тоа ништо не значи за западниот сосед кој веќе е сигурен патник на Европското првенство 2024 од Групата Е.


Standings provided by Sofascore

Во Групата Х, во меч без никакво значење со оглед на тоа што и двете селекции веќе немаат никакви шанси за ЕП, Финска славеше убедливо со 4-0 против Северна Ирска.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...