Шкендија испишува своја историја, за првпат минувајќи две квалификациски кола за Лигата на шампионите и правејќи чекор напред кон елитното европско натпреварување.
Паток е тежок, води преку Салцбург, но тоа не е причина денеска да не се ужива во елиминацијата на Шериф, квалитетен и незгоден ривал кој се радуваше при ждребот, но за 180 минути игра не постигна ниту еден гол.
Тетовци можат да бидат горди на овој успех, па и да го овековечат со селфи-фотографија од соблекувалната во Молдавија, за спомен на овој успех и мотив за уште поголеми во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА