Молк на „Олд Трафорд“ – Лоди носи предност на Атлетико

Атлетико Мадрид прв стигна до водство на дуелот со Манчестер Јунајтед, откако гостите пред самиот крај на првото полувреме го замолкнаа „Олд Трафорд“.

Левиот бек Лоди се најде на вистинското место по една акција по десната страна и центаршутот на вториот дирек, по што Бразилецот со прецизен удар со глава го матираше Де Хеа.

Атлетико замина на одмор со водство од 0-1, а Рангник при оваа негатива ќе биде принуден во вториот дел да ги уфрли Погба и Рашфорд, во обид да се врати во мечот.

Се вчитува...