Молк во Минхен: Мусиала колабираше среде натпревар

Баерн Минхен го совлада Лајпциг со 3-1 на денешниот меч од „Телеком купот“, но во фокусот на вниманието беше Џамал Мусиала, бисерот на баварскиот гигант кој колабираше пред крајот на натпреварот.

Мусиала влезе во игра во вториот дел, во 81. минута даде гол за Баерн, но само две минути подоцна ги загрижи сите на стадионот откако се онесвести на теренот.

Веднаш притрчаа соиграчите и членовите на медицинскиот тим на Баерн, го освестија германскиот плејмејкер, кој мораше да биде повлечен од игра. Според првите информации, не станува збор за сериозен проблем, туку за колабирање поради големата жештина на стадионот.

„Мило ми е што можам да кажам дека со Мусиала се е во најдобар ред. Се чини дека проблемот беше во жештината бидејќи деталните прегледи што беа извршени покажаа дека се е во најдобар ред со Џамал. Тој дефинитивно ќе одмори во следните неколку дена, но би требало да е фит за стартот на новата сезона“, истакнаа од лекарскиот тим на Баерн.

Се вчитува...