Молк во Неапол: Ремек-дело на Пјаниќ од слободен удар

Јувентус е во тотална контрола на големото дерби во Неапол против Наполи, откако „старата дама“ остана со играч повеќе на теренот и веднаш поведе со прекрасниот погодок од слободен удар на Пјаниќ.

Клучен момент беше едно погрешно вратено додавање до голманот Мерет, Роналдо стигна до топката пред него, овој го фаулираше Португалецот надвор од шеснаесетникот и заслужено доби црвен картон. Анчелоти го повлече Милик за на голот да застане Оспина, но Колумбиецот незагреан немаше шанси да го одбрани милиметарски прецизниот удар на Пјаниќ, кој заврши во неговата мрежа.

Пред крајот на полувремето на 0-2 зголеми Емре Џан, за тотален молк меѓу домашните навивачи на стадионот во Неапол.

Се вчитува...