„Момент на лудило“ на Стив Кер: Ја скрши таблата…, заработи повреда на раката (ФОТО)

Голден Стејт синоќа ја запиша четвртата победа во 19-от натпревар сезонава во НБА лигата, и тоа против Чикаго со 104-90. Сепак, најинтересниот момент на мечот беше „разбиената табла за цртање акции“ на нивниот тренер Стив Кер.

Кер во „момент на лудило“ ја скрши таблата притоа повредувајќи си ја и раката…

„Ја скршив таблата, но таа е првата од двете. Имам право да скршам две во сезона. Заработив и расекотина на раката, но се во ред“ – низ смеа прокоментира по мечот Кер, притоа дополнувајќи:

„Секогаш страда истото место на раката, сега со малку подлабока рана. Веројатно сум бил многу лут!“

 

Се вчитува...