Момент на вистината: Камерите ја „уловија“ средбата меѓу Мбапе и Бензема (ВИДЕО)

Долго време Реал Мадрид се обидуваше да го доведе Килијан Мбапе во својот тим. 23-годишниот Французин ги прифати условите на „кралевите“ и даде ветување дека ќе биде нивен нов член, но на крајот се премисли потпишувајќи нов договор со ПСЖ до 2025 година.

Многумина пишуваа дека Бензема му се налутил на Мбапе за овој негов потег, затоа што и самиот тој добил ветување од неговиот соиграч од репрезентацијата дека ќе играат заедно. Меѓутоа дека нивниот однос и натаму е добар покажува снимката на пристигнувањето на Бензема во кампот на француската репрезентација, која се подготвува за Лигата на Нации.

Откако Бензема се поздрави со сите и доби честитки за освоениот трофеј во ЛШ, стигна на ред и Мбапе кој со насмевка го дочека својот соиграч и му честиташе за освоениот трофеј.

Очигледно дека во Реал Мадрид веќе заборавија на Мбапе, а ова потврдува дека не е вистина се што пишуваа новинарите за нивниот нарушен однос.

Се вчитува...