Моментот кога Новак сфати дека ја изгуби титулата на УС опен (ВИДЕО)

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен откако несмасно со топче ја погоди линиската судијка на мечот против Карено Буста. Ѓоковиќ кој изгуби брејк за негатива од 6-5 во првиот сет во момент на нервоза го удри топчето кое заврши во лицето на линиската судијка.

Србинот веднаш беше свесен за глупоста што ја направи и сфати дека ова е крај на серијата без пораз во 2020 година.

 

Се вчитува...